Пранајама е 4-тата гранка на Ashtanga Yoga по Патанџали која е значајна бидејќи претставува мост помеѓу физичкото и духовното тело. Со јамите, нијамите и асаните работиме на физичкото тело, а со техниките за пранајама се дистрибуира праната низ енергетските канали Nadii низ целото тело. Важноста на пранајамите често се заборава бидејќи резултатите не се веднаш видливи и појавни како асаните со физичкото тело, но низ долготрајна и константна пракса на пранајами енергетското тело се балансира, а со тоа и видливото физичко тело.
Дишењето е најважната „алатка“ во текот на праксата, а во пранајамите дишењето е поделено во три фази:
- Вдишување Puraka
- Задржување на здивот Kumbhaka
- Antara kumbhaka – задршка по вдишување
- Bahyakumbhaka – задршка по издишување
- Издишување Rechaka
Пранајамите е најдобро да се вежбаат по асаните бидејќи по завршување со работата на физичкото тело, по разработување на локомоторниот систем во телото, нервите се опуштени и енергетските канали се отворени. Криите пак, се вежбаат пред асаните, како подготовка за бандите и за дриштито кои се држат стегнати и фокусирано во текот на целата пракса.
Пранајамите е најдобро да се изведуваат во чиста и проветрена просторија бидејќи квалитетот на воздухот е од особено значење. Во текот на изведување на пранајамите очите се затворени и вообичаено техника која се користи за да се смири умот е да се бројат вдишувањата и издишувањата, или во понапредна фаза кога смирувањето на умот оди лесно, може да се користи техника на лична мантра кој ја повторуваме во себе, или основната мантра So – Hum, а сето ова се прави со цел да се подготвиме за медитација. Како дополнителна техника може да се користат и визуелизации како праната влегува или излегува низ главните енергетски канали Ida, Pingala и Sushumna во зависност од тоа која пранајама се изведува.
За почеток, пранајамите се изведуваат со едноставни вдишувања и издишувања, за потоа со текот на времето кога се совладуваат техниките да се додаде и задршка на здивот – Kumbhaka. Соодносот за почеток се препорачува да биде 4:6 (4 броења вдишување и 6 броења издишување), потоа се изедначува здивот на сооднос 5:5 или 6:6:6, па дури може да се зголеми и на 10:10:10 во зависност од нивото на практикантот. Sama Vrtti Pranyama означува дека сразмерот е ист за сите фази (puraka, kumbhaka or rechaka), а Visama Vrtti Pranayama означува дека сразмерот е нееднаков во сите фази. Препорачливо времетраење за практикување пранајами се 15 минути дневно за да може да се почувствуваат придобивките од пранајама вежбите.
Придобивките од пранајамите се огромни и помагаат за подобрување на работата на сите системи во организмот (кардиоваскуларен, дигестивен, респираторен, ендокрин, нервен систем), со пранајамите може да се загрева и лади телото, да се намалуваат симптоми на астма, депресија и анксиозност, во зависност од типот на пранајамата која се вежба.
ПРАНАЈАМА ВЕЖБИ:
- UJJAYI
- Префиксот UJ кој стои пред глаголите и именките означува нагоре, супериорност, експанзија, укажува на моќ. JAYA значи да се освои, триумфира, успее. UJJAYI е процес во кој белите дробови се целосно раширени и градите отворени нанапред.
- Ефекти: Оваа пранајама ги полни со воздух белите дробови, ја отстранува пасивноста, овозможува endurance, ги смирува нервите и го тонира целиот систем. Ujjayi без задршка на здивот (kumbhaka) кога се практикува во смирена положба помага при проблеми со висок крвен притисок или за проблеми со коронарни заболувања.
- SURYA BEDHANA
- Surya = сонце, Bhedana = пробива, поминува низ. Во оваа пранајама вдишувањето е преку десната ноздрва, бидејќи сонцето е активна страна и го загрева системот. Праната поминува низ Pingala или Surya Nadi, а по задршка на здивот (kumbhaka), издишувањето е преку левата ноздрва низ каналот на Ida Nadi.
- Ефекти: Во оваа пранајама со белите дробови треба да се работи повеќе отколку во Ujjayi, се полнат пополека и побавно отколку во Surya Bedhana ја подобрува работата на дигестивниот систем, го освежува и стимулира нервниот систем и помага за чистење на синусите.
- CHANDRA BEDHANA
- Chandra = месечина. Техниката е иста како во Surya Bedhana, но во овој случај тоа се прави со вдишување на левата и издишување со десната страна. Бидејќи се работи на месечевата страна, на пасивната страна, оваа техника помага за ладење на системот, смирување на нервите.
- NADI SHODANA
- Nadi се енергетските канали на телото, кои се во вид на цевчиња, мали тубуси кои се слични на артерии и вени, но низ нив поминува прана или енергија. Shodana = чистење, така што целта со оваа пранајама е да се исчистат нервите и енергетските канали. Техниката е следна: се вдишува на левата страна, задршка може и немора, во зависност од нивото на практикантот, потоа се издишува на десната страна, се вдишува на десната страна, потоа задршка може и не мора, и се издишува на левата страна. Ова е еден циклус. Вообичаено броењето е рамномерно 4:4:4 / 5:5:5 / 6:6:6, со или без kumbhaka).
- Ефекти: Крвта добива поголеми количини на кислород отколку со нормално дишење и со тоа по практикување на оваа пранајама може да се чувствуваме освежено и нервите да се смирени и чисти, а умот станува мирен и луциден.
- BHASTRIKA PRANAYAMA и KAPALABHATI KRYA
- Bhastrika е како апарат за дување воздух во фурна, со две рачки и простор за воздух со кој се прави потис и отсис на воздухот, или може да се визуелизира како пумпа за гуми за велосипед. Во оваа пранајама воздухот се вдишува и издишува силно од белите дробови со репетитивни брзи и силни здивови.
- Kapalbhati е крија и е поблага форма од Bhastrika која е пранајама. Во капалбати вдишувањето е бавно но издишувањето е силно и моќно. Има мала секунда на задршка по секое издишување.
- Ефекти: И бастрика и капалбати го актвивираат црниот дроб, слезината, панкреасот и стомачните мускули. Се подобрува работата на дигестивниот систем, се сушат синусните ќеси, се чувствува свежина во пределот на очите и генерално се чувствува живост по оваа пранајама/крија.
- BHAMARI
- Bhamari = голема црна пчела. Изведувањето на оваа пранајама е со вдишување на двете ноздри и издишување низ двете ноздри, а притоа се прави звукот „ммм“ со затворена уста.
- Ефекти: Звукот кој се произведува од Bhamari помага во случај на несоница.
- SHITALI/SHITKARI
- Sitala = ладно. Се изведува на следниот начин: вдишувањето е низ уста, а јазикот е во форма на цевче/канал низ кој воздухот полека поминува и се лади системот. Shitkari е опција на sitali, доколку не е достапно со јазикот да се направи тоа цевче и се изведува со вдишување на уста низ заби. И двете модификации го ладат воздухот.
- Ефекти: Со оваа пранајама се лади системот и се смируваат очите и ушите. Помага при ниска телесна температура или при нагони за повраќање. Се активира работата на црниот дроб и слезината, ја подобрува дигестијата и ја намалува жедта.
- SIMHASANA
- Simhasana = здив на лав. Се вдишува нормално низ двете ноздрви, а се издишува како лавовско „рикање“ со целосно издишување и свиткување на телото нанапред.
- Ефекти: Помага за ослободување на тензијата од градите и лицето. Често заборавен бенефит од Simhasana е тоа што ја стимулира platysma, мускул кој се наоѓа напред во грлото. Кога овој мускул е активен и контрахиран, ги повлекува надолу рабовите на устата и брчките на кожата на вратот. Со оваа пранајама се зајакнува овој мускул на кој со текот на годините како старееме му опаѓа тонусот и функцијата која ја има за кожата на устата и вратот. Според некои традиционални текстови, со Simhasana се уништуваат болестите и оваа пранајама ја подобрува работата на трите главни банди (Mula, Jalandhara, Uddiyana bandha).
KRYA
Криите се техники кои се дел од хата јогата, инаку попознати како ṣaṭkarmas
- Dhauti, чистење на хранопроводник и стомак со голтање на долго парче газа.
- Basti, се изведува со вшмукување на вода во дебелото црево со помош на абдоминална техника со која се прави вакуум за да може да се вшмука водата (uḍḍiyāna bandha)
- Neti, или чистење на назалните канали со вода и/или газа.
- Trāṭaka, или фокусирано гледање во врвот на свеќа додека очите не почнат да се насолзуваат.
- Nauli, техника со која стомакот се масира силно со долните стомачни мускули со кружни движења.
- Kapālabhāti, објаснета погоре во пранајама техниките, слично е со Bhastrika pranayama.
