Застануваме на мат и кога е тешко и кога е лесно, за да извадиме од себе она што е вишок, и да дадеме простор да живее она што ни е потребно. Да видиме што има зад завесата
Медитацијата е напреден начин да се дојде до себе, основната асана пракса е поедноствниот, преку телото да дојдеме до умот. Асана пракса, трчање, качување, да го придвижиме телото за да го смириме умот. Смирен ум дава секогаш поинаква перспектива од разбранувана вода.
Физичкото тело е порта кон вишиот ум со кој може да се доживее бесконечната вистина, убавината сама по себе, дрвјата и птиците, да бидеме на некое место каде запира времето
