ОБУКА ЗА УЧИТЕЛИ 2026/2027
@PURE YOGA SCHOOL - REGISTERED YOGA ALLIANCE SCHOOL
ОПШИРНО ИЗУЧУВАЊЕ НА ЈОГАТА
- ноември 2026 - април 2027
- викенди по договор, 08:00 - 16:00
- Pure Yoga School
- max 10 лица
- Јога школо
Обука со теорија, пракса и директно изучување на јогата разработена низ повеќе аспекти:
- Јога aсани, пранајами и медитации – терминологија, техники, детална разработка и демонстрација
- Анатомија, физиологија и биомеханика – основни системи, нивната поврзаност и холистичкиот пристап на јогата
- Философија, историја и етика – толкување на различни текстови, традиции, значење и примена во сопствената јога пракса
- Методологија на подучување – стекнување на основни познавања за пристап и работа со групи
По 9 години одржување јога часови и речиси 20 години лична пракса, среќна сум што ќе можам моите искуства и знаења да ги пренесам во овој формат на Обука за учители, заедно со тимот на Pure Yoga School.
Обуката е одлична можност за подлабоко проучување на јогата низ повеќе аспекти, се стекнува меѓународно признаен сертификат од Yoga Alliance, а предавањата се корисни и за ентузијасти и вљубеници во јогата кои сакаат да ги прошират своите знаења за праксата. Програмата според која ќе се работи е направена според стандардите на Yoga Alliance, и оценета како одлична за работа, која опфаќа поширок аспект на јогата, и се она што е потребно за стекнување на основни познавања за подучување јога.
Секој учесник ќе добие материјали потребни за обуката. Секој практикант е под директно водство и предавањата се отворени за дискусија и продлабочување во темите. На крајот се полага писмен испит и практичен час за добивање на сертификатот и стекнување со називот RYT 200.
Часовите, предавањата и вежбите во студио ќе ги одржуваат држат Верица Коцева и Надица Димовска и online предавања на Ивана Стаменковска.
Дополнително, сите пријавени на обуката ќе имаат ексклузивна и бесплатна можност да вежбаат со некој од интернационалните јога учители кои ќе гостуваат во PURE Yoga School во рамки на нашите работилници.
Потребно е минимум 6 месечна претходна лична јога пракса за да се биде дел од програмата. Цената за обуката за јога учители е 60.000 денари, со можност за плаќање на максимум 6 рати.
Часовите ќе се одржуваат во викендите:
- сабота, 14 ноември 2026
- недела, 15 ноември 2026
- сабота, 21 ноември 2026
- недела, 22 ноември 2026
- сабота, 28 ноември 2026
- недела, 29 ноември 2026
- сабота, 12 декември 2026
- недела, 13 декември 2026
- сабота, 19 декември 2026
- недела, 20 декември 2026
- —————–
- сабота, 16 јануари 2027
- недела, 17 јануари 2027
- сабота, 23 јануари 2027
- недела, 24 јануари 2027
- сабота, 30 јануари 2027
- недела, 31 јануари 2027
- сабота, 13 февруари 2027
- недела, 14 февруари 2027
- сабота, 20 февруари 2027
- недела, 21 февруари 2027
- сабота, 27 февруари 2027
- недела, 28 февруари 2027
- сабота, 13 март 2027
- недела, 14 март 2027
- сабота, 20 март 2027
- недела, 21 март 2027
- сабота, 27 март 2027
- недела, 28 март 2027




