ЗА ТЕБЕ

Јога часови за сите! Секој може да вежба јога, освен оние кои ги мрзи да дојдат на час. Јогата е за секого, а најмногу за оние кои велат дека не можат да седат мирно и кои велат „јога не е за мене“. И јогата е токму за оние кои не се флексибилни.

На часовите се вежбаат асани од прва и втора серија од Аштанга винјаса системот, секогаш адаптирани според нивото на практикантите. Крајот на часот се завршува со кратка пранајама и долга шавасана. 

На часовите може да дојдат и почетници и напредни практиканти, секој добива соодветни модификации, а темпото на часот е адаптирано да може сите практиканти да ги изведат асаните свесно и со фокус.

На часовите за сениори се вежбаат помалку асани, со побавно темпо, во склад со принципите на хата јога системот.

Иако Аштанга јогата важи за динамична јога и има стигма дека е „само за силни и флексибилни“, искуствено, аштанга може да вежба секој, бидејќи на часовите секогаш во преден план се практикантите пред асаните.

classes

групни часови (утрински и попладневни)

Групните часови ги создаваме со заедничка енергија и на крајот се обидуваме да си заминеме со насмевка во очите и радост за споделеното време.

Секоја асана може да се адаптира, секој практикант може да застане и да земе дополнително дишење, да се одмори во balasana да добие упатства за изведба на асаните, а колективната енергија на часот  мотивира и инспирира за секој да го изнесе најдоброто од себе.

групни часови за сениори

Јога часови со основи од хата јога и јин јога со побавно темпо и вежби за дишење. Групата е отворена и за сениори и оние кои чувстуваат потреба за побавна динамика на јога асани.

индивидуални и приватни часови

Индивидуалните часови се по договор и прецизно адаптирани според потребата и нивото на практикантите. Предноста на овие часови е постепеното темпо за развој на праксата, учење на системот во рамки на сопствените способности и одлична можност за поставување на основите на редовна лична пракса.

online часови

Она што започна со скептицизам во пандемијата, се покажа како корисно за голем дел од практикантите на кои времето за транспорт им е значајно да се намали, а можат да вежбаат од комфорот дома.

Го отвораме личниот простор дома, практикантите даваат дозвола да бидат набљудувани и водени, и се создава убава конекција на индивидуална – групна пракса. На часовите практикантите добиваат усни лични упатства за изведба на асаните, а ја искусуваат и групната динамика и заедничката енергија.

часови со вежби за дишење

Јога работилница со тема: Breathing is life. Секој петок од октомври 2026 до мај 2027 ќе се работат различни вежби и техники за дишење, низ предавање и пракса. Добредојдени се сите заинтересирани, и оние кои не практикуваат јога асани како основна физичка пракса.

Mysore часови

Мајсор часот не е „класичен“ групен час каде се вежба синхронизирано под водство на инструкторот, туку секој практикант ја вежба својата серија (цела или скратена), во сопствено темпо, со индивидуално водство и асистенции од инструкторот.

соработки

Можност за соработка на еднократни проекти во помали и поголеми групи, со деловни субјекти или приватни лица.

Организирање на часови во природа или на место погодно за групата.

Часовите може да се адаптираат како дел од тематски работилници, или како самостојни јога работилници.

YOGA RETREATS

Повеќедневен престој во природа, со цел заедничко практикување јога асани, пранајами и медитации. 

Сместување во шатори или во куќа, вегетаријански оброци и програма со дополнителни групни активности.

Повлекување со цел за заедничко дружење и индивидуални увиди, исклучување од „световните проблеми“ и вклучување во зеленилото, реката, птиците, шумата и природата.

Успешно реализиран ритрит 2026 во Утопија, планиран нов за мај 2027

ОБУКА ЗА ЈОГА УЧИТЕЛИ ОД 200 ЧАСА

Обука со теорија, пракса и директно изучување на јогата разработена низ повеќе аспекти:

  • Јога aсани, пранајами и медитации – терминологија, техники, детална разработка и демонстрација
  • Анатомија, физиологија и биомеханика – основни системи, нивната поврзаност и холистичкиот пристап на јогата
  • Философија, историја и етика – толкување на различни текстови, традиции, значење и примена во сопствената јога пракса
  • Методологија на подучување – стекнување на основни познавања за пристап и работа со групи