Skip to content

вежбавте ли денес

yoga and mindful practice

Menu
  • дома
  • за мене
  • за тебе
  • за животот
    • со зборови
    • без зборови
  • заедница
    • Утопија јога ритрит
  • контакт
Menu

Што е мајсор?

Posted on 22.01.202622.04.2026 by Vivien Sky

Мајсор (Mysore) е град во јужна Индија, каде што се родила и се развила традицијата на Аштанга јога. Праксата почнувала многу рано: асана – пранајама – мантра – медитација – философија. Секој вежбал самостојно во свој ритам, под директно водство и асистенција од учителот. Според оваа традиција, денес низ целиот свет, мајсор праксата го носи името на овој град и се практикува како најчеста форма за практикување аштанга јога.

Што е мајсор час?

Мајсор часот не е „класичен“ групен час каде се вежба синхронизирано под водство на инструкторот, туку секој практикант ја вежба својата серија (цела или скратена), во сопствено темпо, со индивидуално водство и асистенции од инструкторот.

Секој вежба сам, а сите вежбаат заедно

Во салата сите вежбаат тивко, секој е во свој фокус, инструкторот се движи низ просторот, коригира, објаснува тивко кај секој поединечно доколку има потреба, и гради однос 1 на 1 со секој практикант. Мајсор часовите имаат моќна и многу смирена атмосфера.

Како изгледа еден час?

  • Се пристигнува во било кое време во рамките на терминот, со внимание да се заврши до предвидениот крај.
  • Секој почнува самостојно со почетните асани по редослед – поздрави на сонцето A и Б и сите стоечки асани.
  • Асаните се вежбаат по ред, секој практикант со своето знаење, доколку нешто е непознато има помошни листови или се чека за помош.
  • По традиција, нови асании се додаваат само кога се совладани претходните, и има таканаречени gateway асани кои треба да се совладаат за да се оди на следните. Сепак, може да се заобиколи традицијата и да се напредува понатаму со модификации, за да може да се искусат сите асани од сериите кои се достапни во тој момент за практиканот.
  • Без разлика колку трае централниот дел, секој завршува со ресторативните завршни асани, кратки пранајами и шавасана.

На овие часови нема брзање, практикантите се ослободуваат од споредби, секој го дава најдоброто од себе и на долг рок се напредува безбедно и стабилно во свое темпо.

Зошто мајсор праксата е идеална и за почетници?

Иако на прв поглед изгледа „напредна“, мајсор праксата е најбезбедниот и најприродниот начин за почеток, затоа што секој вежба колку може, без групниот притисок и брзото темпо што понекогаш е потешко да се следи доколку е часот подинамичен. Исто така, не мора да се знае многу, доволно е малку познавање и волја за вежбање и учење. Најважно е што секој може да дише во сопствен ритам.

Флексибилноста на часовите

Една од најубавите работи кај мајсор е слободата. Може да се дојде на почеток или подоцна, да се остане 30, 60 или 90 минути. Секој вежба повеќе или помалку во зависност од енергијата и си го прилагодува интензитетот според според силата и флексибилноста, и според тоа како се чувствува тоа утро.

Мајсор часовите се одличен начин да се постави база за индивидуална домашна пракса и да се научат сериите за полесно следење на групните водени часови.

Post navigation

← Јога како алатка за намалување на стресот. (Интервју за магазинот „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“)
The magic button
Samadhi
We only see clearly with the heart. The essential is invisible to the eyes.
The Little Prince ❤️
Life is sacred
Mantra music

vezbavte li denes | did you practice

YES
NO
© 2026 вежбавте ли денес | Powered by Minimalist Blog WordPress Theme