Мајсор (Mysore) е град во јужна Индија, каде што се родила и се развила традицијата на Аштанга јога. Праксата почнувала многу рано: асана – пранајама – мантра – медитација – философија. Секој вежбал самостојно во свој ритам, под директно водство и асистенција од учителот. Според оваа традиција, денес низ целиот свет, мајсор праксата го носи името на овој град и се практикува како најчеста форма за практикување аштанга јога.
Што е мајсор час?
A Mysore class is different from a traditional led class. Rather than moving through the practice together under the teacher's guidance, each student follows their own sequence—full or modified—at their own pace, receiving individual instruction, adjustments, and support throughout the practice.
Everyone practises individually, yet all practice together.
Во салата сите вежбаат тивко, секој е во свој фокус, инструкторот се движи низ просторот, коригира, објаснува тивко кај секој поединечно доколку има потреба, и гради однос 1 на 1 со секој практикант. Мајсор часовите имаат моќна и многу смирена атмосфера.
Како изгледа еден час?
- Се пристигнува во било кое време во рамките на терминот, со внимание да се заврши до предвидениот крај.
- Секој почнува самостојно со почетните асани по редослед – поздрави на сонцето A и Б и сите стоечки асани.
- Асаните се вежбаат по ред, секој практикант со своето знаење, доколку нешто е непознато има помошни листови или се чека за помош.
- По традиција, нови асании се додаваат само кога се совладани претходните, и има таканаречени gateway асани кои треба да се совладаат за да се оди на следните. Сепак, може да се заобиколи традицијата и да се напредува понатаму со модификации, за да може да се искусат сите асани од сериите кои се достапни во тој момент за практиканот.
- Без разлика колку трае централниот дел, секој завршува со ресторативните завршни асани, кратки пранајами и шавасана.
На овие часови нема брзање, практикантите се ослободуваат од споредби, секој го дава најдоброто од себе и на долг рок се напредува безбедно и стабилно во свое темпо.
Зошто мајсор праксата е идеална и за почетници?
Иако на прв поглед изгледа „напредна“, мајсор праксата е најбезбедниот и најприродниот начин за почеток, затоа што секој вежба колку може, без групниот притисок и брзото темпо што понекогаш е потешко да се следи доколку е часот подинамичен. Исто така, не мора да се знае многу, доволно е малку познавање и волја за вежбање и учење. Најважно е што секој може да дише во сопствен ритам.
Флексибилноста на часовите
Една од најубавите работи кај мајсор е слободата. Може да се дојде на почеток или подоцна, да се остане 30, 60 или 90 минути. Секој вежба повеќе или помалку во зависност од енергијата и си го прилагодува интензитетот според според силата и флексибилноста, и според тоа како се чувствува тоа утро.
Мајсор часовите се одличен начин да се постави база за индивидуална домашна пракса и да се научат сериите за полесно следење на групните водени часови.
