Одмотување на петте слоеви да стигнеме до себе
Вовед
Нашето битие е составено од 5 обвивки кои ја опшиваат нашата свест, awareness, нашиот Atman – душа која нашата внатрешна природа (inner self), нашата суштина. За да се ослободи душата (moksha) човекот треба да го спознае тој inner self, внатрешна природа, свест, purusha, односно својот atman, која е дел од големиот brahman, од колективната вистина. Целта е да спознаеме дека сме едно со се’ – Бог, Вистина, Универзална енергија, космичка свест, она што Е од прапочетокот па до денес, она што е насекаде е и во нас, без поими за време и простор, она што секогаш било, секогаш ќе биде и сега Е насекаде. Научниците велат дека на почетокот било ништо, а потоа настанал bing bang во милијардити дел од секундата кога настанала првата колизија на првите микрочестички. Ова, протолкувано јогиски би било манифестирање на Purusha преку Prakrti, односно свеста преку манифестациите во природата. Будистите велат дека природата на умот е emptiness (не nothingness), во која се’ се губи и создава, а на научно ниво тоа е субатомскиот простор во кој се создаваат и се губат микрочестичките од кои е составена природата. Сее поврзано и се води кон една идеја, спознавање на нас самите, нашата природа, свест, нашиот Atman кој е дел од Brahman. Atman e поимот кој се користи во Vedanta философијата и кој се користи за опишување на koshite, слоевите кои треба да се одмотаат за да се дојде до нашиот Atman.
извор: финален есеј од обуката за учители по јога Повеќе
