ОБУКА ЗА УЧИТЕЛИ 2026/2027

@PURE YOGA SCHOOL - REGISTERED YOGA ALLIANCE SCHOOL

ОПШИРНО ИЗУЧУВАЊЕ НА ЈОГАТА

Обука со теорија, пракса и директно изучување на јогата разработена низ повеќе аспекти:

  • Јога aсани, пранајами и медитации – терминологија, техники, детална разработка и демонстрација
  • Анатомија, физиологија и биомеханика – основни системи, нивната поврзаност и холистичкиот пристап на јогата
  • Философија, историја и етика – толкување на различни текстови, традиции, значење и примена во сопствената јога пракса
  • Методологија на подучување – стекнување на основни познавања за пристап и работа со групи

По 9 години одржување јога часови и речиси 20 години лична пракса, среќна сум што ќе можам моите искуства и знаења да ги пренесам во овој формат на Обука за учители, заедно со тимот на Pure Yoga School.

Обуката е одлична можност за подлабоко проучување на јогата низ повеќе аспекти, се стекнува меѓународно признаен сертификат од Yoga Alliance, а предавањата се корисни и за ентузијасти и вљубеници во јогата кои сакаат да ги прошират своите знаења за праксата. Програмата според која ќе се работи е направена според стандардите на Yoga Alliance, и оценета како одлична за работа, која опфаќа поширок аспект на јогата, и се она што е потребно за стекнување на основни познавања за подучување јога. 

Секој учесник ќе добие материјали потребни за обуката. Секој практикант е под директно водство и предавањата се отворени за дискусија и продлабочување во темите. На крајот се полага писмен испит и практичен час за добивање на  сертификатот и стекнување со називот RYT 200.

Часовите, предавањата и вежбите во студио ќе ги одржуваат држат Верица Коцева и Надица Димовска и online предавања на Ивана Стаменковска.

Дополнително, сите пријавени на обуката ќе имаат ексклузивна и бесплатна можност да вежбаат со некој од интернационалните јога учители кои ќе гостуваат во PURE Yoga School во рамки на нашите работилници.

Потребно е минимум 6 месечна претходна лична јога пракса за да се биде дел од програмата. Цената за обуката за јога учители е 60.000 денари, со можност за плаќање на максимум 6 рати.

Часовите ќе се одржуваат во викендите:

  • сабота, 14 ноември 2026
  • недела, 15 ноември 2026
  • сабота, 21 ноември 2026
  • недела, 22 ноември 2026
  • сабота, 28 ноември 2026
  • недела, 29 ноември 2026
  • сабота, 12 декември 2026
  • недела, 13 декември 2026
  • сабота, 19 декември 2026
  • недела, 20 декември 2026
  • —————–
  • сабота, 16 јануари 2027
  • недела, 17 јануари 2027
  • сабота, 23 јануари 2027
  • недела, 24 јануари 2027
  • сабота, 30 јануари 2027
  • недела, 31 јануари 2027
  • сабота, 13 февруари 2027
  • недела, 14 февруари 2027 
  • сабота, 20 февруари 2027
  • недела, 21 февруари 2027
  • сабота, 27 февруари 2027
  • недела, 28 февруари 2027
  • сабота, 13 март 2027
  • недела, 14 март 2027
  • сабота, 20 март 2027
  • недела, 21 март 2027
  • сабота, 27 март 2027
  • недела, 28 март 2027
Пријавувањето е во тек, слободно контактирајте не за повеќе информации