ЗА ТЕБЕ
Јога часови за сите! Секој може да вежба јога, освен оние кои ги мрзи да дојдат на час. Јогата е за секого, а најмногу за оние кои велат дека не можат да седат мирно и кои велат „јога не е за мене“. И јогата е токму за оние кои не се флексибилни.
На часовите се вежбаат асани од прва и втора серија од Аштанга винјаса системот, секогаш адаптирани според нивото на практикантите. Крајот на часот се завршува со кратка пранајама и долга шавасана.
На часовите може да дојдат и почетници и напредни практиканти, секој добива соодветни модификации, а темпото на часот е адаптирано да може сите практиканти да ги изведат асаните свесно и со фокус.
На часовите за сениори се вежбаат помалку асани, со побавно темпо, во склад со принципите на хата јога системот.
Иако Аштанга јогата важи за динамична јога и има стигма дека е „само за силни и флексибилни“, искуствено, аштанга може да вежба секој, бидејќи на часовите секогаш во преден план се практикантите пред асаните.
групни часови (утрински и попладневни)
- вт./чет
- 17:15-18:30
- Pure studio
- вт./чет
- 07:30-08:30
- Фиткултура
- Динамични јога часови водени според аштанга системот, адаптирани за почетници и напредни.
Групните часови ги создаваме со заедничка енергија и на крајот се обидуваме да си заминеме со насмевка во очите и радост за споделеното време.
Секоја асана може да се адаптира, секој практикант може да застане и да земе дополнително дишење, да се одмори во balasana да добие упатства за изведба на асаните, а колективната енергија на часот мотивира и инспирира за секој да го изнесе најдоброто од себе.
групни часови за сениори
- вт./чет
- 09:00-10:00
- Фиткултура
- Водени часови со бавно темпо
Јога часови со основи од хата јога и јин јога со побавно темпо и вежби за дишење. Групата е отворена и за сениори и оние кои чувстуваат потреба за побавна динамика на јога асани.
индивидуални и приватни часови
- по договор
- по договор, времетрање 1h15'-1h30'
- од 1 до 5 лица
- студио или по договор
- Јога часови - аштанга, хата, јин
Индивидуалните часови се по договор и прецизно адаптирани според потребата и нивото на практикантите. Предноста на овие часови е постепеното темпо за развој на праксата, учење на системот во рамки на сопствените способности и одлична можност за поставување на основите на редовна лична пракса.
online часови
- вт./чет
- 07:30-08:30
- Zoom
- Online streaming на утринскте јога часови во Фиткултура
Она што започна со скептицизам во пандемијата, се покажа како корисно за голем дел од практикантите на кои времето за транспорт им е значајно да се намали, а можат да вежбаат од комфорот дома.
Го отвораме личниот простор дома, практикантите даваат дозвола да бидат набљудувани и водени, и се создава убава конекција на индивидуална – групна пракса. На часовите практикантите добиваат усни лични упатства за изведба на асаните, а ја искусуваат и групната динамика и заедничката енергија.
часови со вежби за дишење
- петок
- 19:00
- Pure
- Јога работилници, старт 16.10.2026
Јога работилница со тема: Breathing is life. Секој петок од октомври 2026 до мај 2027 ќе се работат различни вежби и техники за дишење, низ предавање и пракса. Добредојдени се сите заинтересирани, и оние кои не практикуваат јога асани како основна физичка пракса.
Mysore часови
- петок или сабота, по договор
- 17:15-19:30 или 08:00-10:00
- Pure studio
- Секој вежба сам, а сите вежбаат заедно
Мајсор часот не е „класичен“ групен час каде се вежба синхронизирано под водство на инструкторот, туку секој практикант ја вежба својата серија (цела или скратена), во сопствено темпо, со индивидуално водство и асистенции од инструкторот.
соработки
- по договор
- по договор
- природа; студио; локација по договор
- Јога работилници
Можност за соработка на еднократни проекти во помали и поголеми групи, со деловни субјекти или приватни лица.
Организирање на часови во природа или на место погодно за групата.
Часовите може да се адаптираат како дел од тематски работилници, или како самостојни јога работилници.
YOGA RETREATS
- по договор
- по договор
- Utopia, Serbia
- 15-20 лица
- Јога повлекување во природа
Повеќедневен престој во природа, со цел заедничко практикување јога асани, пранајами и медитации.
Сместување во шатори или во куќа, вегетаријански оброци и програма со дополнителни групни активности.
Повлекување со цел за заедничко дружење и индивидуални увиди, исклучување од „световните проблеми“ и вклучување во зеленилото, реката, птиците, шумата и природата.
Успешно реализиран ритрит 2026 во Утопија, планиран нов за мај 2027
ОБУКА ЗА ЈОГА УЧИТЕЛИ ОД 200 ЧАСА
- ноември 2026 - април 2027
- викенди по договор, 08:00 - 16:00
- Pure Yoga School
- max 10 лица
- Јога школо
Обука со теорија, пракса и директно изучување на јогата разработена низ повеќе аспекти:
- Јога aсани, пранајами и медитации – терминологија, техники, детална разработка и демонстрација
- Анатомија, физиологија и биомеханика – основни системи, нивната поврзаност и холистичкиот пристап на јогата
- Философија, историја и етика – толкување на различни текстови, традиции, значење и примена во сопствената јога пракса
- Методологија на подучување – стекнување на основни познавања за пристап и работа со групи