UTOPIA MAGIC

Како си поминавме во Утопија, мај 2026

Во Утопија ни се случи магична приказна 🧚‍♀️

Се дружевме со искрени и отворени срца, си создадовме мал рај и раат на лесен и автентичен начин.
Групата беше хармонична, секој си го најде своето место, и секој додаде на заедничката енергија.

Амбиентот не’ поддржа да си го оствариме она што го планиравме. Темата беше “Шумски медитации и опсервации”: вежбавме и динамична и месечева јога, пранајамите ни помогнаа да се калибрираме со фреквенциите на шумата, а реката и птиците беа подлога за медитација во секој момент од денот.

Се исклучивме од бучавата, ги смиривме бранувањата на умот, си дозволивме да се предадеме на едноставноста на живеењето. Доживеавме вистинска голема убавина на Животот 🙌

Бескрајно сум благодарна на сите што бевме на овој retreat: на Наташа за долгогодишното пријателство и back-up, на Ели за несебичната поддршка, на Борка за поттикот да одиме некаде, на посветеноста и инспирацијата за пракса на Радован, на веселата дружина Раде, Иван, Стефан и Стефи од АКСК кои помогнаа сите да пробаат качување на карпи, на Еми за тивкото присуство и за фотографиите, на Флета за леснотијата на јогата и за насмевките, на Хелена, Кики и Теа кои се појавија како цвеќиња и ја разубавија групата и динамиката, и на домаќините Пеџа и Стефан кои не’ воодушевија со срдечноста, храната и огнот ☺️ Фала и’ на Лица која сакаше да дојде, а кај која си го наоѓам мојот духовен центар и уточиште 🙏

По многу години лична пракса и работа на себе во разни форми, членување во различни колективи низ годините, се радувам дека се отвори Патот и се оствари овој прв retreat. Сигурно нема да е последен, веќе се договараат планови за следниот🍁🍂