UTOPIA YOGA RETREAT
ПОКАНА за јога во природа на тема: Шумски медитации и опсервации
Четири дена повлекување во зеленило за целосно ресетирање на умот и калибрирање со фреквенциите на природата.
Утринска активна јога со пранајами и вечерна лесна јога со медитација. Денски прошетки во природа, hiking до околните врвчиња, посета на пештера, капење во езеро, качување по карпи, хамочење, птичарење. Навечер филмска проекција, круг околу оган, разговори и заедничко дружење.
Местата во куќата се ограничени, местата во шатори се скоро неограничени :))
Добредојдени се сите добронамерни љубители на природата, активни и неактивни јогини и оние кои сакаат да пробаат јога. На сите ни треба мирисот на шума и звуците на птици и река.
ШУМСКИ МЕДИТАЦИИ И ОПСЕРВАЦИИ
Повлекување во природен резорт со цел заедничко практикување јога и медитации. 🧘
Утопиа е планинско здружување и автентичен концепт на живеење, со несекојдневна локација помеѓу поток, карпи и пештера, место кое нуди различни содржини за авантуристи, рекреативци, за љубителите на природата и оние кои негуваат здрав пристап кон животот.
Во близина на куќата има и езеро со приватна плажа.
Еден од коментарите е дека местото е оаза за душата и телото.
"MESTO KOJE POSTOJI"
Сместувањето е во куќа или шатори.
Во куќата има една двокреветна соба (double sized bed), две трокреветни соби (double sized + single), и една четворокреветна соба со 4 single кревети. Објектот располага со тоалети, купатила, топла вода, заеднички простор и кујна, покриен трем на кој може да се практикува јога во случај на дожд.
Шаторите се лични и се поставуваат на ливадата надвор, а може да се користат тоалетите, кујната и заедничкиот простор во куќата.
Целиот резорт ќе биде достапен само за уесниците на ритритот.
Храната ќе биде подготвена од локални и природни намирници, послужена два пати во денот, а оброците ќе бидат вегетаријански.
ПРОГРАМА
Четврток (28.05.2026)
Пристигнување и сместување во текот на денот
18:00 вежби за fascia resest и кратка медитација
19:00 вечера
20:00 заеднички активности и дружење
Петок (29.05.2026)
08:00 динамична јога за активно почнување на денот, пранајами и медитација
10:00 доручек/brunch
11:00 – 17:00 заедничко пешачење до некое од локалните врвчиња на патека по избор и посета на пештера. Тема: shinrin yoku и pranayama во шума. Во текот на денот индивидуални паузи за ужина со лесна храна од ранец
17:00 хата јога и медитација
19:00 вечера
20:00 заеднички активности, дружење со филмска вечер и дискусија
Сабота (30.05.2026)
08:00 динамична јога за активно почнување на денот, пранајами и медитација
10:00 доручек/brunch
11:00 – 17:00 посета на качувачки локалитет за заинтересираните, или птичарење и активно набљудување и истражување на флората, фауната и фунгите. И/или посета на езеро во зависност од времето и интересот на групата. Тема: Медитација во движење. Во текот на денот индивидуални паузи за ужина со лесна храна од ранец
17:00 yin yoga и медитација
19:00 вечера
20:00 заедничко дружење околу оган
Недела (31.05.2026)
08:00 динамична јога за активно почнување на денот, пранајами и медитација
10:00 доручек/brunch
11:00 – 14:00 посета на приватна плажа на локално езеро, капење и пикник со лесна храна од ранец
14:00 заедничко затворање на ритритот и поаѓање за Скопје
*Забелешки
*програмата може да се менува по договор, во зависност од групата и временските услови.
*за спортското качување се доплаќа симболична донација за инструкторите кои ќе ја водат групата
Цена
Цена по лице:
- 180 евра за сместување во куќата
- 120 евра за сместување во шатор (шаторите се лични и ги поставуваме заедно)
Во цената е вклучено сместувањето, оброците во куќата и јога часовите. Превозот гo организираме сами и трошокот го делиме соодветно по коли. Тргнувањето е по договор во зависнот од групата и пријавените учесници.
ЛОКАЦИЈА
Контакт за информации и пријавување
+389 70 690108
WhatsApp, Viber, Phone




